Празничните активности во Белата куќа се започнати. Непосредно пред Денот на благодарноста, Претседателот на САД традиционално учествува во церемонија за помилување на мисирки. Годинава, Доналд Трамп ги помилува мисирките Леб (Bread) и Путер (Butter).
Меланија го придружуваше Доналд облечена во модерна монохроматска комбинација со палто Барбери и чизми Сен Лоран.
Доналд и Меланија беа фотографирани и додека заедно со синот Барон се качуваа во претседателскиот хеликоптер.