Јорданскиот крал Абдула II и неговата сопруга кралицата Ранија се во официјална посета на САД. Кралскиот брачен пар беше пречекан од Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа.
46-годишната прва дама на САД блесна во смарагдно-зелен фустан со тенко коланче на половината и црни обувки од Кристијан Лобутин, додека 46-годишната кралица на Јордан избра црно-бел стајлинг со златни детали.
Меланија и Ранија заедно го посетија единственото државно училиште само за девојчиња во Вашингтон, каде беа дочекани со букет цвеќе и широки насмевки.
„Образованието е од клучно значење во нашите обиди да го ставиме фокусот на темата за родовата еднаквост и еманципација на жените. Оваа академија е исклучителен пример за училиште кое ги подготвува младите жени, како академски, така и лично, за тие да можат да успеат во глобалната заедница. Да се слушнат директно учителите и студентите во ова училиште беше многу важен чекор во дијалогот кој треба да се разработи во мојата агенда како Прва дама на САД“ – изјавила Меланија.