Во Холивуд по трет пат беа доделени наградите на модниот бренд Revolve. На свечениот настан присуствуваа бројни личности од светот на модата и шоу-бизнисот.
Роузи Хантингтон-Вајтли беше прогласена за Икона на годината. На црвениот тепих таа се појави во кожен фустан со шлиц од колекцијата на дизајнерот Мајкл Костело и Revolve.
Наградата Жена на годината заврши во рацете на Кендис Сванапул. Атрактивниот ангел на Victoria’s Secret шармираше во романтична светла комбинација.
За Модел на годината беше прогласена Вини Харлоу. Славниот модел носеше розов фустан.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил: