Машкото списание Maxim ја објави новата листа Maxim Hot 100, со најжешките жени за 2014.
Кендис Сванапул се најде на врвот на листата. Креативниот директор на списанието, Пол Мартинез, ја опиша синооката Јужноафриканка со зборовите „прекрасна, софистицирана и елегантна“.
„Голема чест е да се биде број 1 на листата на Maxim меѓу толку многу убави и талентирани жени! Тоа е прекрасно чувство“ – изјавила таа.