Дуа Липа блесна во гламурозно издание во Кан, Франција. На доделувањето на наградите на француското радио NRJ, актуелната музичка ѕвезда се појави во долг фустан со пердуви.
Креацијата во која 23-годишната пејачка зачекори на црвениот тепих е од високата мода на Армани.
За време на свеченоста, Липа ја освои наградата за најстримувана песна за хитот „One Kiss“ со Калвин Харис.