Дуа Липа беше задолжена за забавниот сегмент за време на финалето на Лигата на шампионите. Пред на фудбалскиот терен да се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул, актуелната ѕвезда настапи со свои хитови.
Десетици танчарки ја придружуваа 22-годишната пејачка која потекнува од Косово додека ги пееше „One Kiss“, „New Rules“, „No Lie“ и „Be The One“.