Пред пет години го освоија светот со „One Kiss“, а сега Дуа Липа и Калвин Харис имаат нов хит во најава.
26-годишната пејачка и 38-годишниот диџеј се здружија со Јанг Таг за песната „Potion“.
„Чест ми е да работам со Дуа и Таг повторно. Двајцата се многу динамични артисти кои имаат придонесено многу за денешната музичка сцена“ – изјави Харис.
Тукушто беше објавен видеозаписот за нивното музичко дело: