Војвотката Кетрин и кралицата Елизабета II по долга пауза го имаа првото заедничко појавување без други членови на британското кралско семејство.
37-годишната војвотка и 92-годишната кралица на Британија го посетија „Kings College“ во Лондон.
За оваа пригода, сопругата на принцот Вилијам изгледаше отмено во сив фустан од Кетрин Вокер, додека Кралицата се појави во розово палто и шапка.
Кетрин и кралицата Елизабета за првпат се појавија на заеднички настан во 2012 година, без придружба од принцот Вилијам или принцот Чарлс.