Кралското семејство присуствуваше на традиционална забава во градината на Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета со сопругот принцот Филип, како и принцот Вилијам со сопругата Кетрин, примија стотици гости.
Војвотката Кетрин шармираше во елегантна креација од Александар МекКвин. Во 2013 година, за крштавката на принцот Џорџ, Кетрин ја носеше истата креација заедно со шапката од Џејн Тејлор.
90-годишната кралица со насмевка ги поздравуваше гостите облечена во сино палто од Стјуарт Парвин.