Кралското семејство присуствуваше на црковна служба по повод Божиќ во Сандрингам.
Предводени од кралицата Елизабета II, членовите на британското кралско семејство беа фотографирани додека се упатуваа во црквата Света Марија Магдалена.
89-годишната кралица, која носеше палто во празнична црвена боја и складна шапка, со широка насмевка ја поздрави насобраната толпа.
Војвотката Кетрин го придружуваше принцот Вилијам.
Принцот Хари не пропушти да ги поздрави лицата кои во инвалидски колички чекаа да му оддадат почит на кралското семејство.