Ирина Шајк е убавицата која ги краси страниците на најновото издание на „Вог“ Германија.
За едиторијалот, 34-годишната Русинка заведуваше пред објективот на фотографското дуо Луиџи и Ланго. Фотосесијата е снимена на локации покрај Езерото Комо во Италија.
Шанел, Долче и Габана и Сен Лоран се дел од брендовите чии креации Ирина носи за фотосесијата.