Почетна » Новости » Мода » „Colorscape“: Новата модна колекција на Росица Мршиќ

„Colorscape“: Новата модна колекција на Росица Мршиќ

Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција „Colorscape”, работена во вонредни изолациски услови, која носи нов свеж бран на бои и форми.

И со оваа, 23-та колекција по ред, дизајнерката во континуум од 2009 година, доследно ги пласира и ја усовршува нејзината естетика со своите лимитирани, современи и автентични колекции и се обраќа на вистинските љубители на дизајнот. Брендот креира облека со емотивна вредност и трајно квалитетни парчиња што клиентите ги носат секој ден со уживање, а стилот излегува од рамките на трендовите и диктира нови храбри изрази.

Новата колекција е инспирирана и разработена по принципите на апстрактниот класицизам или ‘hard-edge’ сликарство, чии зачетоци се во 50-те години на минатиот век во Калифорнија.

Росица Мршиќ „Colorscape“

Дефинирани рабови, апстрактни геометриски форми, индустриски сензибилитет, интерпретација помеѓу рамнина и длабочина во пулсирачки бои и форми која е конструирана во слоевит пристап кон композиција, се принципите по кои е работена оваа колекција. Колекцијата е одговор на новата реалност и потребите кои ги живееме: нуди ведро и позитивно чувство, отсликува релаксираност и потреба за разиграност, а ја носи препознатливата лесна софистицираност и изгладена естетика на дизајнерката. Силуетата е опуштена и мека, изработена од фини и деликатни материјали, носи графичност и апстрактни форми во својот крој, како и јасно дефинирани геометриски линии преку кои се спојуваат контрастните бои во планирана композиција.

Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“

Како и секоја колекција акцент е ставен на „statement” фустани по кои е препознатлива дизајнерската работа на Мршиќ. Колекцијата се состои од различни „day to night“ комбинации кои можат да бидат стилизирани во повеќе насоки: спортски, елегантни и софистицирано кежуал. Дизајнерката се охрабри да внесе колорит во оваа колекција и да создаде изглед кој лесно и удобно се носи. За дополнување на изгледот изработени се марами со комбинирани впечатливи бои со авторски принт на дизајнерката, кои ја заокружуваат идејата на колекцијата.

Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“ Росица Мршиќ „Colorscape“

Брендот Росица Мршиќ со секоја модна колекција го продолжува својот креативен предизвик и препознатливост во изразот, а во суштина е базирана на принципите на одржлива мода и “slow fashion” која претставува висококвалитетна мода за уживање на одговорен и одржлив начин. Тоа што го прави брендот препознатлив е создавањето на уникатна облека која се носи и трае долго, со фокус кон одржливост и етичко и фер однесување во целиот процес на производство. Со применување на уметноста на изработка и посветеноста кон секој детаљ и секое парче облека, преку артизанските вештини на изработувачите и автентичноста на дизајнот, студиото на Росица создава мода по мерка која допринесува кон одржливоста на модната индустрија, се грижи за животната средина и создава космополитски модни парчиња во кои секој ќе биде забележан.

Росица МршиќРосица Мршиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.