Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модната дизајнерка Росица Мршиќ е нов советник за убавина на AVON

ФОТО: Модната дизајнерка Росица Мршиќ е нов советник за убавина на AVON

Со почетокот на 2014 година компанијата AVON Македонија потпиша договор за започнување на нова соработка со познатата македонска модна дизајнерка Росица Мршиќ. Во првата половина од годината, името и потписот на Росица Мршиќ ќе можат да се најдат во брошурите на оваа козметичка компанија, и тоа како нов и ексклузивен советник за убавина на компанијата.

Во овој период стручните препораки на Росица Мршиќ за одбрани парчиња модни додатоци од портфолиото на AVON ќе бидат застапени во печатените и електронски изданија на компанијата, при што модната дизајнерка ќе ги советува потрошувачите на AVON за последните трендови и тековните сезони.

Росица Мршиќ

„Јас сум одбрана да бидам консултант за убавина за производите на AVON, во наредниот период од шест месеци. Оваа соработка се однесува на приближување на модните производите и производите за убавина, преку препораки, до секој корисник на AVON. Од овие препораки се очекува да го опишат производот и дадат личен совет за нивната употреба, намена, можност за модно толкување“ – вели Росица Мршиќ.

AVON соработува со светски познати лица од музичката и филмската област за поатрактивно промовирање на своите производи, па вклучувањето на домашни личности за нивни советници за убавина за Росица претставува одличен гест на почитување на локалната средината.

Ревија на Росица МршиќРевија на Росица Мршиќ Ревија на Росица Мршиќ Ревија на Росица Мршиќ

„Соработката со АVON Македонија е одлична можност на поврзување на домашните дизајнери со една толку значајна интернационална компанија за убавина. Важноста на овие соработки претставува поттик и поткревање на перцепцијата за локалниот дизајн, потврдувајќи го значењето на локалната сцена во која АVON Македонија работи“ – додава модната дизајнерка.

Соработката со Росица Мршиќ пред поголема публика за прв пат беше обелоденета на интерната конференција на AVON – „Back to Work“, каде Росица се претстави со своја ревија, а во наредните два квартали се очекува оваа соработка да се продлабочува на уште повеќе нивоа.

Ревија на Росица Мршиќ Ревија на Росица Мршиќ Ревија на Росица Мршиќ

Инаку, во последниот квартал од 2013 година AVON Македонија соработуваше со модната дизајнерка Антонија Ристовска, а од компанијата велат дека овој тренд на соработување со истакнати јавни личности ќе продолжи и во иднина, со цел уште поголемо зацврстување на брендот и поголема препознатливост на пазарот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.