Високите мажи се попривлечни, мажите облечени во црвено го крадат женскиот поглед, музикалните мажи кои свират на гитара се освојувачи на женските срца... Истражувачите постојано пронаоѓаат машки карактеристики кои им се привлечни на жените, па машкото списание Men’s Health реши да ги обедини сите тие откритија на истражувачите и да го создаде профилот на мажот кој е силен магнет за жени, наречен уште и алфа-мажјак.
Еве што сè поседува мажот кој може да го украде секое женски срце:
- Високо ниво на тестостерон и силен имунитет. Кој би рекол? На жените им се најпривлечни мажите кои во телото имаат високо ниво на тестостерон и имаат силен имунитет, бидејќи тоа го поврзуваат и со поголема плодност.
- Подрасната брада. Целосно мазното лице не е адут за освојување на жени. Жените ги оценуваат како најпривлечни мажите кои имаат подрасната брада од неколку дена.
- Глас баритон. Мажите со длабок глас знаат да го привлечат вниманието на дамите. Не се вели напразно дека песните на Бери Вајт делуваат како афродизијак кај жените.
- Колонска вода или парфем. Мажите кои користат колонска вода се посамоуверени од оние кои не користат. Истражувањата откриваат дека жените го сметаат еден маж за попривлечен кога ќе го видат како се намирисува, било да е тоа со парфем или тоалетна вода.
- Мазни пазуви. Жените не сакаат мажи кои се со „обраснати“ пазуви. Истражувањата покажале дека жените многу повеќе „паѓаат“ на мирис од мазни машки пазуви.
- Големи мускули. Жените сакаат фит мускулести мажи. Мускулестите мажи се магнет за жени кои бараат само забава, но исто така тие имаат и најголем број на партнерки.
- Црвена облека. Исто како што машкиот поглед застанува на дамите во црвено, и женскиот застанува на мажите облечени во црвено. Црвената е бојата на сексапилот и страста.
- Брз спортски автомобил. Жените преферираат мажи со брз моќен автомобил, но само ако се во потрага по кратка авантура. Жените заинтересирани за брак не „паѓаат“ на скап превоз.
- Цврсто ракување. Силниот стисок е знак на самоувереност. Мажите кои се ракуваат нежно се оценети од жените како срамежливи.
- Пенис со просечна големина. Жените не бараат голем пенис. Екстремно долгите машки полови органи се непривлечни за повеќето жени.
- Висина. Ниските мажи треба многу повеќе да се потрудат за да го освојат женското внимание во споредба со високите.
- Букет цвеќе. Мажите кои подаруваат цвеќе оставаат многу подобар впечаток кај жените. Истражувањата покажуваат дека цвеќињата го затоплуваат женското срце толку многу што е доволно да се наоѓаат во иста просторија со одреден маж за тој да биде оценет како попривлечен.
- Гитара. Жените обожаваат мажи кои свират и пеат за нив. Мажите кои свират на гитара отсекогаш го задржувале љубопитниот женски поглед.