Почетна » Новости » Истражувања » За мажите најважна е сексуалната привлечност на жената

За мажите најважна е сексуалната привлечност на жената

Не залудно се вели дека мажите се визуелни суштества. Ново австралиско истражување покажало дека убавиот надворешен изглед им е најважен на мажите при изборот на партнерка.

Иако многу мажи негираат дека избираат девојка според изгледот, сепак мнозинството мажи „паѓаат“ на сексуално привлечни жени.

„Она што навистина го сакаат се одлични гради, добар задник, фокус на модата и заеднички интереси“ – изјавил Дерек Џонс, автор на истражувањето.

Среќен парСексуалната привлечност е најважна за мажите

Но, изгледот не е единственото нешто што ги задржува мажите до одредена жена. Тие уште и сакаат искреност, почит, поддршка, смисла за хумор, убави очи и насмевка и авантуристички дух.

Овие заклучоци биле презентирани во извештајот „Што мажите навистина сакаат кај жените“, базиран на истражување во кое учествувале 3000 мажи.

Истражувањето покажало дека додека на мажите најважни им се сексуалната привлечност, приземното однесување и поддршката, на жените најважна им е личната хигиена на партнерот и неговиот однос кон нејзините блиски пријатели и семејството.

Експертите тврдат и дека на жените им е многу важна сексуалната привлечност на мажите, но не го признаваат тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20931 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.