Почетна » Новости » Истражувања » Стресот го забавува метаболизмот кај жените

Стресот го забавува метаболизмот кај жените

Расправии со партнерот, притисок на работното место, грижи поврзани со парите или децата... Стресот е ваш секојдневен проблем? Не се изненадувајте ако вагата ви покаже зголемен број на килограми.

Ново истражување, спроведено од научници од Државниот универзитет во Охајо, покажало дека жените кои се под стрес се склони кон дебелеење, бидејќи стресот го забавува метаболизмот. Така, секојдневното изложување на стрес може да доведе до здебелување со 5 килограми годишно.

Жена

Во истражувањето учествувале 58 жени, чија просечна возраст била 53 години. Тие биле замолени да одговорат дали и колку стресни настани им се случиле претходниот ден, а потоа им бил сервиран оброк од 930 калории и 60 грама масти.

Резултатите, кои биле добиени со мерење на метаболизмот кај учесничките, покажале дека жените кои претходниот ден се соочиле со една или повеќе стресни ситуации согорувале 104 калории помалку отколку оние кои не биле „жртви“ на стресот. Тоа би значело зголемување на тежината за околу 5 килограми во текот на една година.

Истражувањето покажало и дека жените кои се под стрес имаат повисоко ниво на инсулин, што придонесува телото да складира повеќе масно ткиво.

За да биде ситуацијата уште полоша, кога луѓето се под стрес, бараат утеха во калоричната храна. „Познато е дека сме посклони да јадеме погрешна храна кога сме под стрес, а нашите податоци покажуваат дека кога јадеме погрешна храна, поверојатно е да ни се зголеми тежината, бидејќи согоруваме помалку калории“ – изјавил водечкиот истражувач и професор по психијатрија и психологија, Жан Киколт-Глезер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.