Почетна » Новости » Истражувања » Мајките им даваат на своите деца во просек по 41 бисер на мудроста

Мајките им даваат на своите деца во просек по 41 бисер на мудроста

Се вели дека мајките знаат што е најдобро за своите деца. И навистина е така. Истражувањата потврдуваат дека децата цел живот во себе ја носат мудроста која им е дадена од мајките.

Додека децата се мали, мајките ги бомбардираат со совети. Ново истражување покажало дека во просек секоја мајка им дава на своите деца по 41 незаменлив бисер на мудроста.

Мајка и ќерка

Најголем дел од децата долги години ги помнат советите кои им се дадени од мајките и им се толку скапоцени што тие не ги чуваат само за себе, па кога стануваат родители им ги пренесуваат на своите деца. Секои седум од десет возрасни лица редовно ги советуваат своите деца онака како што тие биле советувани кога биле мали.

Истражувањето било направено од британската фирма Clinton's Cards и опфаќало 2.000 учесници, а половината од нив и покрај тоа што се возрасни, продолжуваат да веруваат дека мајка им им дава најдобри совети.

„Овие мали парчиња информација ни се скапоцени и ги пренесуваме од генерација на генерација. Овие совети можеби се мали, но самиот факт што остануваат во нас со години докажува дека се многу вредни“ – изјави претставник на компанијата која го спровела истражувањето.

Резултатите од истражувањето покажале и дека две третини од луѓето се сеќаваат на момент кога си рекле: „Звучам како мајка ми“.

Еве ги најчестите бисери на мудроста кои мајките им ги даваат на своите деца:

  1. Секогаш давај сè од себе.
  2. Ако немаш да кажеш нешто убаво, подобро не вели ништо.
  3. Образувај се – никој не може да ти го земе знаењето.
  4. Јади со затворена уста.
  5. Ако не побараш, нема да добиеш.
  6. Никогаш не троши пари што ги немаш.
  7. Никогаш не земај колачиња од непознати.
  8. Смеј се.
  9. Не пливај со полн стомак.
  10. Почитувај ги луѓето.
  11. Секогаш носи чиста долна облека.
  12. Не можеш да добиеш нешто во замена за ништо.
  13. Не е доволно да побараш нешто за да го добиеш.
  14. Штеди пари за црни денови.
  15. Однесувај се кон другите онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе.
  16. Никогаш не вели „не можам“.
  17. Повторувањето е мајка на знаењето.
  18. Внимавај како се изразуваш.
  19. Никогаш не зјапај во луѓето, не е љубезно.
  20. Ако гледаш премногу телевизија, ќе ти се „расипат“ очите.
  21. Мама знае што е најдобро.
  22. Грижи се за парите и тие ќе се грижат за тебе.
  23. Биди искрен кон себе.
  24. Секогаш појадувај.
  25. Што ќе надробиш, тоа и ќе сркаш.
  26. Никогаш не пиј на празен стомак.
  27. Љубезноста и сочувствувањето не коштаат ништо.
  28. Никогаш не излегувај со мокра коса.
  29. Ако не знаеш нешто, прашај.
  30. Никогаш не си легнувај разлутен.
  31. Примај комплименти достоинствено.
  32. Животот е премногу краток за да си несреќен.
  33. Не јади сирење пред спиење.
  34. Секогаш задржувај ја вратата.
  35. Никогаш не се откажувај.
  36. Манирите го прават човекот.
  37. Тревата никогаш не е позелена на другата страна на оградата.
  38. Лесно давај комплименти.
  39. Никогаш не им нуди превоз на непознати.
  40. Секогаш имај заштедено за кирија за два месеца.
  41. Мажите се многу поразлични суштества од жените.

Колку од нив сте дале или добиле вие?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.