Што мажите прво забележуваат кај жените? Според ново истражување, женските очи први го „фаќаат“ машкиот поглед.
Дури 70% од 1.000 учесници во истражувањето признале дека прво гледаат во очите на жената. Женската насмевка е на второ место, додека градите се на трето место.
И голем процент од жените кои учествувале во истражувањето откриле дека кај претставниците на спротивниот пол прво ги забележуваат очите, а потоа насмевката и на трето место висината.
„Очите обично говорат многу за една личност, па не сме изненадени што токму очите нè привлекуваат најмногу кај спротивниот пол“ – изјавил претставник на компанијата Murine која го финансирала истражувањето.
Косата и фигурата исто така им се важен фактор на мажите, па по градите, тие ги насочуваат очите кон женската фризура и го оценуваат изгледот на женското тело.
Од друга страна, на жените им е особено важна висината на мажите, а дури потоа изгледот на нивната коса.
Што мажите гледаат кај жените? | Што жените гледаат кај мажите? | |
1. | Очите | Очите |
2. | Насмевката | Насмевката |
3. | Градите | Висината |
4. | Косата | Косата |
5. | Тежината | Начинот на облекување |
6. | Нозете | Тежината |
7. | Начинот на облекување | Кожата |
8. | Задникот | Обликот на лицето |
9. | Висината | Задникот |
10. | Кожата | Носот |