Женската интуиција речиси секогаш правилно ги насочува жените кога се сомневаат дали нивниот сакан ги изневерува. Кога жена се сомнева дека нејзиниот партнер има друга, во 85% од случаите таа е во право. Но, кога маж мисли дека неговата партнерка го изневерува, во право е само во 50% од случаите.
Тоа се бројките до кои дошол австралискиот статистичар Џон Краучер, кој со години го истражува однесувањето на луѓето за да научи кого и како сакаат луѓето. Истакнатиот професор во својата книга „Love by Numbers“ открива многу интересни податоци и совети за врските, бракот и сексуалната привлечност.
Според него, реченицата од која на секој маж му смрзнува крвта е „Треба да разговараме“, затоа што во тој случај неговата партнерка сака или да го откачи, или да му соопшти дека пронашла друг, или да му каже дека дознала нешто за него.
Втората реченица која мажите мразат да ја слушнат е „Која е таа жена со која разговараше?“, додека пак жените мразат кога ќе слушнат „Што има за вечера?“.
Поради фактот што 60-90% од физичката комуникација на луѓето се состои од невербални сигнали, голем дел од книгата на Џон е посветена на јазикот на телото.
Џон вели дека за еден маж да изгледа што попривлечно, тој треба да носи црвена маица и да разговара со друга жена, или уште подобро со две други жени. Од друга страна, на мажите им се попривлечни жените кои седат сами.
Изненадувачки е податокот што дури 70% од жените не би се омажиле за својот сопруг ако пред бракот го знаеле она што го знаат денес. Само 39% од луѓето велат дека стапиле во брак со нивната сродна душа. 21% од луѓето на почетокот мислеле дека влегле во брак со својата сродна душа, но подоцна сфатиле дека погрешиле.
За крај, Џон тврди дека 52% од мажите би кажале лага ако им е поставено прашањето: „Дали задникот ми изгледа голем во ова?“.