Почетна » Новости » Истражувања » Жените денес изневеруваат речиси колку и мажите

Жените денес изневеруваат речиси колку и мажите

Кога порано ќе се започнеше дискусија за тоа кој пол повеќе изневерува, показалците и обвинувачките погледи веднаш беа насочени кон мажите.

Но, денес играта започнува да се менува и истражувачите велат дека веќе не може да се фрла топката со обвиненија само во полето на посилниот пол.

Жена што изневерува

Истражување направено од Универзитетот Индијана и Универзитетот Манчестер Метрополитен покажало дека 20-25% од мажите ја имаат изневерено својата партнерка, а афера зад грбот на саканиот имале 15-20% од жените.

Но, имајте во предвид дека процентот на луѓе кои изневеруваат е многу поголем, бидејќи многумина никогаш не би признале дека имале љубовна авантура настрана од врската. Други анкети покажале дека процентот на жени кои ги изневериле своите партнери се движи околу 50%.

Додека мажите изневеруваат најмногу заради сексот, жените се вртат кон друг кога ќе почувствуваат дека не се доволно оценети и дека не им се посветува доволно внимание. Исто така, жените трчаат во прегратката на друг ако нивниот партнер ги малтретира и се однесува лошо кон нив или само поради желбата за авантура.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.