Почетна » Новости » Истражувања » Поверојатно е дека тој ќе ве изневери ако татко му бил неверен

Поверојатно е дека тој ќе ве изневери ако татко му бил неверен

Кога се работи за неверството, научниците велат дека има голема вистина во изреката „Каков татко, таков син“. Чешки научници уште еднаш ја потврдија тезата дека мажите чии татковци биле неверни додека тие растеле е поверојатно да ги изневеруваат своите партнерки.

Истражувачите откриле и дека ваквата логика не важи за претставничките на понежниот пол, т.е. жените не се склони кон неверство ако нивните мајки биле неверни.

Маж и женаПоголема е веројатноста тој да изневери ако неговиот татко бил неверен

За да стигнат до овие заклучоци, истражувачите ги проучувале неверството, семејната историја, самодовербата во однос на врската и односот кон сексот на 86 парови.

Д-р Јан Хавличек, кој го предводел истражувањето, го објаснува овој заклучок со фактот што додека момчињата растат, како пример за однесување го земаат однесувањето на нивниот татко и токму од него учат што е добро, а што лошо.

Марти Хаселтон, психолог од Универзитетот Калифорнија, изјавила дека причината зошто ќерките не се влијаат од неверството на родителите лежи во гените. Таа тврди дека привлечните татковци имаат привлечни синови, а тие добиваат повеќе можности за неверство. Од друга страна, привлечните ќерки на привлечните мајки не се склони кон неверство затоа што тие ја користат својата привлечност за да освојат најдобар партнер и добар татко на нивните деца.

Со други зборови, мажите ја користат привлечноста за да добијат сексуална разнообразност, а жените за да добијат најдобар партнер.

Чешкото истражување уште еднаш го потврдило податокот дека аферите на мажите повеќе се мотивирани од сексот отколку аферите на жените.

Мажите најчесто изневеруваат затоа што сакаат секс и поголем број на сексуални партнери, а не затоа што се „заситени“ од своите партнерки, велат истражувачите. Од друга страна, жените поверојатно е да изневерат ако нешто им недостига во врската.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.