Почетна » Новости » Истражувања » Жените глумат оргазам за да го спречат неверството на мажите

Жените глумат оргазам за да го спречат неверството на мажите

На прашањето „Зошто жените глумат оргазам?“ може да се дадат многу различни одговори. Сега научниците понудија уште еден. Тие тврдат дека глумењето оргазам е тактика на жените да го зачуваат својот партнер верен.

ОргазамЖените кои се несигурни во врската се посклони да глумат оргазам

Според истражувањето објавено во „Archives of Sexual Behavior“, психолози испрашувале 453 жени кои биле во хетеросексуална врска. Тие ги прашувале дали некогаш имале одглумено оргазам и дали и колку се плашат дека нивниот партнер ќе ги изневери. Исто така ги прашувале колку често користат „потези за зачувување на партнерот“ како убаво облекување за привлекување на вниманието.

Истражувањето покажало дека 54% од жените некогаш одглумиле оргазам и дека токму тие повеќе се плашат од неверство од страна на партнерот и почесто користат потези за зачувување на партнерот.

„Резултатите од истражувањето ја поддржуваат хипотезата дека глумењето оргазам може да е форма за задржување на партнерот и превенирање на неверство. Жените кои повеќе се плашеле од неверство од страна на партнерот се посклони да глумат оргазам за време на секс“ – пишува во извештајот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19736 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.