Двајца колеги без да сакаат приредија секс шоу за гостите на бар во Крајстчерч, Нов Зеланд.
Маж и жена дозволија да ги води страста и имаа сексуални односи во канцелариите на компанијата во којашто работат, но заборавија да ги изгасат светлата, па нивната авантура беше овековечена со фотографии и видео од гостите на бар кој се наоѓа отспротива на улицата. За да е целата ситуација уште полоша, мажот е женет и има деца, додека девојката неодамна се свршила.
Фотографиите и видеото од аферата беа објавени на социјалните мрежи и го обиколија светот.




New Zealand Herald извести дека свршеникот на девојката веќе се откажал од идејата за брак со неа, додека сопругата на мажот била ужасена и разочарана, а за неверството дознала на Facebook.
По скандалот, непримерните вработени во осигурителната компанија Marsh Ltd не се појавиле на работното место. Претставник на компанијата изјавил дека има внатрешна истрага и сè уште не се знае дали ќе има последици за постапките на двајцата љубовници.