Почетна » Новости » Истражувања » Жените сакаат високи мажи бидејќи се чувствуваат безбедно и женствено

Жените сакаат високи мажи бидејќи се чувствуваат безбедно и женствено

Жените преферираат повисоки мажи затоа што со нив се чувствуваат заштитено и женствено, се вели во заедничко истражување на Rice University и University of North Texas, кое потврдува дека висината е важна за жените, но не и за мажите.

Пар

За да дојдат до таа констатација, истражувачите прво анализирале податоци од онлајн реклами за состанување на 925 мажи и жени на просечна возраст од 35 години. Речиси половина од жените (48,9%) сакале да бидат во врска само со повисок партнер. Од друга страна, 13,5% од мажите сакале да се состануваат само со партнерка која е пониска од нив.

Во вториот дел од истражувањето било побарано од студенти да одговорат прашања онлајн. Заклучоците биле слични, односно 37% од мажите одговориле дека преферираат да се состануваат со личност која е пониска од нив, а 55% од жените со партнер кој е повисок од нив.

На прашањето зошто жените сакаат повисоки мажи, најчестиот одговор е: „за да се чувствуваат заштитено и женствено“.

„Како девојка, сакам истовремено да се чувствувам и деликатно и сигурно. Понекогаш чудно ми е само да помислам да гледам надолу за да го видам партнерот в очи. Вреди да се спомене и тоа дека можеш да носиш обувки со високи потпетици и сепак да бидеш пониска. Исто така, сакам да можам да го прегрнам саканиот, испружувајќи ги рацете нагоре и поставувајќи ги околу неговиот врат“ – изјавила една од учесничките во истражувањето.

Пар

Според досегашни истражувања, високите мажи со низок, длабок глас се најпривлечни за жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.