Почетна » Новости » Истражувања » Жените повеќе ги боли емотивното неверство, а мажите физичкото

Жените повеќе ги боли емотивното неверство, а мажите физичкото

Жените повеќе би ги вознемирило емотивно неверство, додека мажите пак повеќе ги боли физичко неверство, вели заклучокот на истражување на Државниот универзитет во Канзас.

Неверство

За да одредат како луѓето гледаат на различните типови неверство, истражувачите повикале околу 500 лица. Сите тие одговарале на серија прашања кои ги одредувале нивните ставови за љубовта и изневерувањето.

Едно од прашањата било: „Што би те вознемирило повеќе: да си го замислиш партнерот како ужива во страстен сексуален однос со друга личност или да си замислиш како партнерот оформува длабока емотивна поврзаност со друга личност?“

По анализирањето на резултатите, заклучокот бил јасен: „Мажите пријавиле дека сценариото со сексуалното неверство е релативно повознемирувачко одошто сценариото со емотивното неверство, а спротивното важи за жените.“

Истражувањето било објавено во списанието „Evolutionary Psychology“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.