На некои жени не им е потребен маж, вибратор или каква било друга директна сексуална стимулација за да доживеат сексуално задоволство. Доволно им е да вежбаат. Истражувачи од Центарот за сексуално здравје при Универзитетот Индијана ја потврдуваат појавата за која се пишувало со години наназад – оргазам за време на вежбање. Но, не станува збор за Кегеловите вежби.
Според Деби Хиберник и нејзините колеги, некои жени доживуваат оргазам додека прават стомачни вежби, креваат тегови или возат на стационарен велосипед, иако во тие моменти немаат сексуални фантазии.
Иако за оргазам предизвикан од вежбање за првпат се зборувало во 1953 година, Деби тврди дека до ден денес не се познати многу факти за овој „феномен“. За да проникне подлабоко во тајните на овој тип оргазам, таа испрашувала стотици жени кои имале доживеано оргазам или кои доживувале сексуално задоволство за време на вежбањето. Жените во нејзиното истражување биле на возраст од 18 до 63 години.
Истражувачите откриле дека 40% од тие жени имале доживеано оргазам за време на вежбањето, и тоа во повеќе од 11 наврати. Поради тоа, повеќето од учесничките во истражувањето изјавиле дека чувствувале и срам кога вежбаат во јавност. Во сите случаи, жените воопшто не ни мислеле на секс, ниту пак на некој што физички ги привлекува.
Се прашувате ли со кои вежби е најголема веројатноста за достигнување на сексуално задоволство? Најдобар избор се стомачните вежби. Првиот оргазам жените од истражувањето го достигнале со:
- Стомачни вежби (45%)
- Возење велосипед (19%)
- Искачување по јаже (9%)
- Подигање на тегови (7%)
- Трчање (7%)
- Јога, пливање, аеробик... (13%).
Не губиме ништо ако пробаме. ;)