Почетна » Новости » Истражувања » 50 нешта кои ги радуваат жените

50 нешта кои ги радуваат жените

Доволна е една спонтана прегратка од саканиот за претставничките на понежниот пол да се почувствуваат среќни, велат резултатите од ново истражување кое истакнува по што копнеат жените.

Прегратка

Добивањето комплименти, купувањето и примањето подароци, уживањето во чоколадо и читањето одлична книга жените исто така ги вбројуваат во 50-те најпосакувани нешта кои им предизвикуваат радост. Еве кои се останатите:

  1. Спонтана прегратка од партнерот
  2. Удобна долна облека
  3. Кога некој ќе им каже дека имаат ослабено
  4. Купување на подарок за драга личност
  5. Носење на секси долна облека
  6. Склучување добра зделка при пазарување
  7. Подарок цвеќиња
  8. Примање подарок
  9. Кога некој ќе им каже дека изгледаат помлади отколку што се
  10. Кога непознат ќе им даде комплимент за стилот
  11. Уживање во чоколадо
  12. Кога некој ќе ги праша од каде си купиле нешто
  13. Надоместување на пропуштеното време со стари пријатели
  14. Облекување на облека за која сметале дека им е премногу тесна
  15. Читање на брилијантна книга
  16. Чисти заби
  17. Кога некој за нив ќе зготви оброк
  18. Шопинг
  19. Кога некој ќе забележи дека направиле промена во фризурата
  20. Прегратка од син/ќерка
  21. Дотерување за вечерно излегување
  22. Распродажба во омилениот бутик
  23. Кога некој ќе им каже дека децата им се добро воспитани
  24. Релаксирачка бања со меурчиња
  25. Посета на нова театарска претстава или изложба
  26. Купување на шишенце парфем
  27. Излегување на ручек со пријателите
  28. Победа во дебата
  29. Пофалби од шефот
  30. Благодарност од дете кое било кај нив на чај
  31. Спа ден
  32. Вежбање/спортување
  33. Покажување на нова чанта
  34. Кога диџејот ќе им ја пушти омилената песна во ноќен клуб
  35. Гледање неколку филмови/серии
  36. Кога децата постигнуваат успеси на училиште или во одреден спорт
  37. Соблекувањето на високите потпетици на крајот на вечерта
  38. Рециклирање на облека
  39. Јадење на вкусен кашкавал
  40. Постигнување на успех на работа
  41. Одење на прв состанок
  42. Добар разговор со пријателите
  43. Гледање на сапуници
  44. Споделување на шише вино со пријателите
  45. Купување на нови шминки
  46. Маникир
  47. Долна облека која го обликува телото
  48. Кога ги пеат во автомобилот песните од радиото
  49. Придобивање на нова вештина или ново хоби
  50. Градници кои ги зголемуваат градите

Истражувањето било направено од британскиот синџир продавници „Sainsbury“ со 2.000 учеснички.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.