Почетна » Љубов и секс » Секс » 13 факти за женскиот оргазам

13 факти за женскиот оргазам

Кога сексуалната возбуда ќе го достигне врвот, повеќето мажи и жени доживуваат оргазам. Факт е дека жените поретко доживуваат оргазам, но за сметка на тоа женскиот оргазам трае подолго од машкиот и е поинтензивен.

Жена доживува оргазам

Еуфоричното задоволство наречено женски оргазам отсекогаш било обвиено во мистерија. За да тргнеме барем еден превез од таа мистерија, еве неколку интересни факти за женскиот оргазам:

  1. Оргазмот ја намалува болката. Врвното сексуално задоволство може да помогне за намалување на болката. „Виновници“ за тоа се окситоцинот и ендорфините кои се произведуваат во телото пред и за време на оргазам. Тие ја зголемуваат релаксацијата, создаваат ефект на еуфорија и предизвикуваат пријатни сензации низ целото тело. Некои жени тврдат дека оргазмот им ги лечи главоболките и стомачните болки и грчеви кои се појавуваат како резултат на ПМС, а исто така и дека им го намалува стресот. Но, треба да се спомене дека кај некои жени сексуалниот однос и/или оргазмот може да предизвика појава на главоболка или мигрена.
  2. Некои жени можат да доживеат оргазам без генитална стимулација. Неверојатно, но вистинито. Има жени кои можат да доживеат оргазам единствено со самата помисла на оргазам, без да има физички допир на клиторисот или пенетрација. Постојат регистрирани случаи на жени кои можат да „свршат“ преку галење на веѓата или четкање на забите.
  3. Оргазам преку стимулација на градите. Се верува дека 1% од жените можат да го достигнат врвното сексуално задоволство само со рачна стимулација на градите.
  4. Јогазмот не е мит. Што е јогазам? Тоа е оргазам кој многу приврзанички на јогата тврдат дека го доживуваат додека вежбаат, а кој се појавува без никаква стимулација или допирање. Сè повеќе се зборува за оргазмот предизвикан од јога (нарекуван „најдобро чуваната и највозбудливата тајна на јогата“) и сè поголем е бројот на жените кои тврдат дека го доживеале кога се во одредена поза.
  5. Не секој оргазам е подеднакво експлозивен. Некои оргазми се кратки и нежни, а други можат да ви го растресат телото од глава до пети. Тоа е сосема нормално.
  6. Сексуалната самодоверба на жената влијае врз квалитетот на нејзиниот оргазам. Звучи сосема логично. Жените кои се срамат од своето тело не можат доволно да се опуштат и да се концентрираат на убавите чувства што ги носи сексот. Земете огледало во раката и насочете го кон своите гениталии. Колку подобро се запознаете себеси, толку посамоуверени ќе бидете.
  7. Женски рекорд: 134 оргазми во текот на еден час. 26-годишна жена доживеала 134 оргазми за еден час додека била набљудувана од докторите Вилијам Хартман и Мерилин Фајтиен.
  8. Постојат жени кои страдаат од синдром на постојана сексуална возбуда и имаат до 300 оргазми дневно. Една од тие жени е и Мишел Томпсон, која доживува по 300 оргазми дневно, а кои може да ѝ се случат во кое било време.
  9. Скоро половина од жените својот прв оргазам го доживуваат со самозадоволување. Истражувањата покажуваат дека речиси секоја втора жена го доживеала првиот оргазам со помош на мастурбирање. Најголем дел од жените првиот оргазам го имаат на 18-годишна возраст.
  10. Кондомот не влијае на квалитетот на женскиот оргазам. Користењето на кондом не го влошува оргазмот кај жените. Напротив, може и да помогне, затоа што нема да има потреба мажот да се повлекува и сексуалниот однос ќе трае подолго.
  11. Третина од жените имаат проблеми со постигнувањето оргазам. Една на секои три жени тешко може да доживее оргазам за време на секс, а на околу 80% од жените им е предизвик да достигнат до врвната точка само со вагинална стимулација. Затоа, се препорачува во текот на сексуалниот однос да биде вклучена и стимулација на клиторисот.
  12. Со текот на годините оргазмот станува подобар. Иако не може да се тврди со сигурност, се верува дека оргазмот кај жените станува поинтензивен со текот на годините. Освен тоа, се смета дека жените во своите 40-ти години од животот почесто доживуваат оргазам, отколку жените во 20-тите. Експертите објаснуваат дека жените со текот на годините стануваат посамоуверени, повеќе го ценат своето тело, а се и порелаксирани пред својот партнер, па не се воздржуваат да го побараат она што им годи.
  13. Жените побрзо доживуваат оргазам со мастурбација отколку со секс. Просечното време потребно за една жена да доживее оргазам со мастурбација е 4 минути, а во просек се потребни 10-20 минути за една жена да доживее оргазам за време на сексуален однос.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.