Понекогаш животот наоѓа начини за да ги спои сродните души. Порака испратена на погрешен број им го промени животот на маж и жена кои подоцна се вљубиле еден во друг.
Љубовната приказна на Бренда и Исаја започнала кога таа испратила СМС на погрешен број и добила одговор на истата. Тие прво започнале врска на далечина, а откако Бренда се преселила поблиску до него, се вериле и стапиле во брак.
Денес, двојката е во брак 13 години, има шест деца и често покажува на социјалните мрежи како изгледа нивното големо семејство.
@she_plusfive 13 years ago I sent that text by accident never expecting him to keep my number and call me back! I’m so glad he did #lovestory #howwemet #relationships #couples #largefamily #momanddad #lovewins #ourstory #storytime #couplegoals #ourlovestory ♬ World's Smallest Violin - AJR
„Нештата се случуваат со причина и Бог планирал да имате толку убаво семејство“, „Во 1992 година непознат човек ми помогна кога ми се испразни батеријата и сме во брак веќе 29 години“, „Започнав да испраќам пораки на непознати броеви“ – се само дел од коментарите на TikTok.
Бренда ја испратила СМС пораката на погрешен број на крајот од работниот ден. По кратко време, добила одговор од човек кој посакал да се запознае со неа.
Бидејќи тој живеел во различна американска држава од нејзината, а во неа живеела и нејзината мајка, Бренда прво им договорила средба ним за да се запознаат. Мајка ѝ го оценила човекот со 11 на скала од 1 до 10. Тоа бил јасен доказ за неа дека треба да отпатува и самата да го запознае.
Парот стапи во брак во 2010 година.
Еве ја целата нивна приказна:
@she_plusfive Replying to @cailinbloodgood ♬ original sound - Brenda Rivera Stearns
@she_plusfive Replying to @itzuhlexa PART 2 #storytime #howimetyourfather #lovestorytheseries #part2 ♬ original sound - Brenda Rivera Stearns
@she_plusfive Replying to @angelaa.aangel #part3 #foryou #ourlovestory #howwemet #howimetyourfather #relationships #couples ♬ original sound - Brenda Rivera Stearns