Моќна фотографија од Белград ги покажува жртвите на хероите на денешницата.
На неа, полицаец и неговата сопруга, која е медицинско лице, си даваат поддршка преку стакло, додека и двајцата ги извршуваат своите работни обврски.
НАШИТЕ ХЕРОИ
Колега од полициската управа за град Белград се поздравува со сопругата која е медицинска сестра во Ургентниот центар.
Тие се на своите работни места, а вие за нив останете дома!
Ова е пораката која стои на Facebook профилот на Министерството за внатрешни работи на Република Србија.