Вчера, хрватската ракометна репрезентација доживеа огромен успех. Со победата над Франција, Хрватска се пласираа во финалето на Светското првенство во ракомет.
Голема заслуга за победата имаше голманот Доминик Кузмановиќ, кој вечерашниот натпревар со Франција го заврши со тринаесет интервенции, од кои неколку во клучните моменти во самиот финиш.
23-годишниот спортист со прекрасен гест ја изненади својата учителка Сања Ороз од основно училиште. Тој си го исполнил ветувањето од пред многу години и не ја заборави ни по огромниот успех.
Кузмановиќ ѝ испратил билети за еден од неговите најважни натпревари, а приказната ја сподели самата Сања на социјалните мрежи.
Колку прекрасен младич стана овој дечко.
Како бивша ‘ракометарка’ и негова учителка, имавме чести разговори за ракометот, ги водевме на натпреварите. Во осмо одделение го прашав каде ќе се запише, а тој ми одговори во школата во Дуго Село за да може да тренира. Со оглед на тоа што беше супер одличен, го прашав, а што ако не успееш, тој само ми рече ‘ќе успеам’...
Јас на тоа му реков кога ќе стане успешен, да се сети на својата учителка и да ѝ подари една карта. И тука падна договор... од пред 8 години.
И во понеделникот ми доаѓа негова порака: ‘Учителке имам карта за Вас ако сакате и ако можете да дојдете’. Баш, баш ме израдува... и така благодарение на него присуствував на ова чудо против Унгарија.
Само биди здрав драги Кузма, веќе си голем сега.
По завршувањето на мечот, Кузмановиќ ја прегрна и бакна својата девојка.