Љубовта кон патувањето ги инспирираше Роби и Присила да си создадат удобен „дом на тркала“.
Авантуристичкиот пар купил стар училиштен автобус, посветил година и половина на реновирање и денес може со него да патува каде и да посака.
Роби и Присила отсекогаш сакале мали домови, па ова било најубавата одлука за нивниот начин на живот. „Обожаваме мали домови и им се восхитуваме на животниот сил на оние кои живеат во такви домови, па си помисливме ‘Зошто да не си изградиме дом на тркала?’“ – вели креативниот пар.
Роби и Присила сакале да се оддалечат од монотониот начин на живот. „Ние бевме најсреќни кога патувавме, кога истражувавме нови места, кога вкусувавме нова храна, кога се вклопувавме во нови култури. Ние растеме кога искусуваме нови нешта и кога одиме на авантури. Има нешто магично во патувањето. Не е само различните глетки. Искуството те менува. Си доаѓавме дома од патување и веќе ја планиравме следната авантуера, жедни за уште едно незаборавно искуство“ – објаснуваат тие.
Роби и Присила не се еден од оние парови кои ја откажуваат работата за да патуваат низ светот. Тие работат преку интернет, па можат да ги завршуваат своите работни обврски од било кое место. „Ние ги управуваме нашите деловни обврски од далечина, сè дури имаме Интернет, можеме да бидеме каде било. Не ја трошиме нашата заштеда за патување, но тоа е дефинитивно опција за многу луѓе кои не можат да работат на далечина“ – вели среќната двојка.