Почетна » Новости » Занимливости » 21-годишна девојка стана најмладата личност што ги посетила сите земји во светот

21-годишна девојка стана најмладата личност што ги посетила сите земји во светот

„Верувај дека можеш да постигнеш сè што ќе наумиш“ – ова е мотото по кое се води Лекси Алфорд, најмладата личност што ги посетила сите земји во светот.

Лекси АлфордПакистан Лекси АлфордПрипјат, во близина на Чернобил Лекси АлфордМадагаскар Лекси АлфордИндонезија

Лекси има само 21 година, а веќе е потенцијален рекордер за во Гинис. Откако на 31 мај стапна на територија на Северна Кореја, смелата Американка го сруши рекордот, кој претходно го држеше 24-годишен Британец.

Семејството на Алфорд поседува туристичка агенција, па патувањата отсекогаш биле дел од нејзиниот живот. „Секогаш сум била љубопитна за начинот на живот на другите луѓе и како тие ја пронаоѓаат среќата“ – вели таа.

Лекси АлфордЗакинтос, Грција Лекси АлфордШибеник, Хрватска Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд

Иако на почетокот немала намера да го обиколи светот, туку само да патува, набрзо Лекси сфатила дека инспирира многумина со својата смелост. „Бев решена да им докажам на сите дека светот не е толку страшен како што го прикажуваат медиумите и дека секаде постои љубезност“ – додала Алфорд.

На 18-годишна возраст, младата авантуристка сфатила дека веќе има посетено 72 земји од светот и започнала да размислува како да ги посети останатите суверени држави. „Првпат помислив на рушење на рекордот во октомври 2016 година“ – вели таа.

„Земјите кои имаат толку лоша репутација што луѓето не се осмелуваат да ги посетат се места кои ми ја будат љубопитноста. Видов многу повеќе љубезност и природна убавина на места како Пакистан и Венецуела отколку на типичните туристички дестинации“ – објаснува младата девојка.

Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд

Еден од најголемите предизвици за Лекси беше да ја посети Северна Кореја, пред сè поради забраната за влез на американски граѓани. Според правилата на Гинис, доколку една личност ја посети сината куќа на Северна Кореја во Заедничката безбедносна зона во Панмунџом, се смета дека таа личност ја посетила Северна Кореја.

„Искрено, многу ми е жал што не ја видов соодветно земјата поради политички спорови. Но, ќе ја посетам повторно откако ќе се тргне забраната за патување“ – вели Лекси.

Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд

Како и останатите авантуристи кои се фокусирани на рушење рекорди, Лекси честопати е критикувана дека не ги истражува земјите доволно длабоко. На тие коментари, таа возвраќа: „На крајот на денот, сите сакаме да патуваме на различни начини. Без разлика што ви се допаѓа, секогаш ќе има некој кој нема да се согласува со вас“.

Еве ги лекциите кои Лекси сака да им ги пренесе на сите оние што имаат план да патуваат:

  • Сè е возможно.
  • Не троши пари за материјални нешта кои не ти се неопходни. Штеди колку што можеш – мораш да направиш жртва за да го обиколиш светот ако навистина тоа го сакаш.
  • Дефинитивно има повеќе добро отколку лошо во светот.
  • Никогаш не може да ти снема убави места за посетување.
  • Секоја земја ти е достапна и можеме да научиме многу од секоја од нив.
  • Секојпат кога ќе се исклучам од WiFi, вистински се поврзувам со сè што се случува околу мене, што е изненадувачки ретко во денешно време.
  • Мојот совет за младите луѓе кои сакаат да го прават ова е: Верувај дека можеш да постигнеш сè што ќе наумиш. Ако го направиш патувањето приоритет пред останатите нешта во животот, прашање на време е кога ќе ти стане реалност.
Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд Лекси Алфорд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19713 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.