Почетна » Новости » Занимливости » Учител за почит: Маж без раце предава во школа во сиромашно село кое останало без учители

Учител за почит: Маж без раце предава во школа во сиромашно село кое останало без учители

Посветен учител од Кина, кој ги изгуби двете раце, пронајде начин да држи настава и покрај својот хендикеп. Тој им предава на деца во училиште кое останало без наставници.

Ѓанг Шенгфа ги изгубил двете раце како последица на електричен шок во 1996 година. Несреќата се случила додека им помагал на своите соседи да поправат жици под висок напон.

Шенгфа повеќе од 20 години бил учител по кинески јазик, но по несреќната случка, морал да престане да работи и да се пензионира.

Ѓанг Шенгфа

Во 2003 година, училиштето во Јунан каде сега работи Ѓанг било во потрага по наставник. Тоа се наоѓало во планински предел и не ги нудело потребните услови за работа, па учителите не биле заинтересирани за работното место.

Кога локалните власти го контактирале Ѓанг и му понудиле да ги држи предавањата, тој не се ни двоумел дали да ја прифати понудата, иако веќе бил во пензија. „Селото е многу сиромашно. Никои учители немаат желба да работат таму. Сите млади и образовани луѓе од селото се иселуваат за да најдат работа на друго место. Гледам дека децата може да го изгубат своето право на образование“ – изјавил 41-годишниот Кинез за People's Daily.

Ѓанг Шенгфа

И покрај тоа што нема горни екстремитети, Ѓанг дава сè од себе за да може посветено да ги извршува своите работни обврски и да ги образува сиромашните деца кои имаат желба да учат. Тој научил да пишува со креда врзана за остатокот од неговата рака и посетувал часови по калиграфија за да го усоврши својот ракопис.

Импресивниот учител пешачи по 8 километри секој ден до своето работно место.

Ѓанг Шенгфа Ѓанг Шенгфа

Откако во 2013 година се распространи приказната за Ѓанг, нему му била понудена нова работа со многу повисока плата и подобри услови, но тој се разбира не ја прифатил и останал покрај децата на кои им предавал веќе долги години.

Ѓанг Шенгфа Ѓанг Шенгфа Ѓанг Шенгфа

Шенгфа вели дека никогаш не треба да се жалиме и секогаш да гледаме на физичките предизвици како на позитивно нешто во животот.

Ѓанг Шенгфа Ѓанг Шенгфа Ѓанг Шенгфа Ѓанг Шенгфа

Неговите напори резултирале со огромни промени во селото. Ѓанг е прекрасен пример за своите ученици од кого можат да научат и важни животни лекции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.