Почетна » Новости » Животни стории » Девојка без раце која прави сè со нозете стана и пилот и вели: „Не се откажувам“

Девојка без раце која прави сè со нозете стана и пилот и вели: „Не се откажувам“

Запознајте ја Џесика Кокс, девојката без раце која прави сè со своите нозе и стана првиот лиценциран пилот без горни екстремитети. Таа е и првата личност без раце која доби црн појас од Американската таеквондо асоцијација.

Џесика Кокс

32-годишната пилотка е родена без раце, но тоа не ја спречило да ги реализира своите соништа. Кокс имала протетички раце сè до својата четиринаесетта година, кога решила да ги извади, бидејќи била нарекувана „девојката робот“. Тогаш, таа започнала да ги користи своите стапала за извршување на секојдневните обврски, за да докаже дека може да биде независна и самостојна како и сите други.

Џесика Кокс Џесика Кокс

И покрај хендикепот, Кокс успева да прави многу повеќе отколку што многумина прават во текот на целиот живот и никогаш не дозволила немањето на раце да ја спречи да ужива во животот.

Амбициозната девојка од мали нозе се вклучувала во бројни активности, како играње, манекенство, пливање и танцување. Таа денес може да вози автомобил и управува авион без никаква помош, да пишува на тастатура, да си ги става и отстранува леќите за гледање, да сурфа, нурка и свири пијано. Единствен проблем ѝ е средувањето на косата.

„Не можам да поверувам колку многу нешта правев додека растев. Секој ден по училиште нешто се случуваше. Не знам како се снаоѓаа моите родители“ – изјавила Кокс за Today.

Џесика Кокс Џесика Кокс Џесика Кокс

Додека растела Кокс се плашела од висина, но само еден лет бил доволен за таа да ги победи своите стравови и да ја пронајде својата професија.

Кокс ја доби својата лиценца и стана пилот во 2008 година, а во 2011 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како Првата личност без раце во светот која некогаш има поседувано лиценца за пилот.

Џесика Кокс Џесика Кокс Џесика Кокс

Кокс патува низ светот ширејќи ја својата инспиративна приказна и мотивирајќи ги луѓето да не дозволат нивниот хендикеп да ги спречи да ги следат своите соништа. Таа, заедно со својот сопруг Патрик, досега има патувано во 20 земји за да покаже дека ништо не е невозможно ако се сака доволно силно. „Чувствувам дека мојата порака е сè поважна кога ги откривам стигмите со кои се соочуваат лицата со инвалидитет“ – рекла инспиративната девојка.

Џесика и Патрик се запознале на часовите по таеквондо, кога Патрик ѝ бил инструктор.

Џесика Кокс Џесика Кокс Џесика Кокс Џесика Кокс Џесика Кокс Џесика Кокс

Во тек е снимањето на документарен филм за инспиративната пилотка наречен „Right Footed“. Погледнете го трејлерот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19722 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.