Џесика Мадукс преку порака упатува пофални зборови за својот сопруг Крис и цели да му покаже дека е благодарна за сето тоа што тој го прави за неа и за семејството.
Џесика вели дека го цени тоа што нејзиниот сакан по напорниот работен ден се враќа дома и се обидува на каков било начин да ѝ помогне во домашните и фамилијарните обврски.
Нејзиниот статус потсетува дека „бракот е партнерство, а не диктаторство“ и дека сите брачни партнери треба да си помагат меѓусебно во секоја можна прилика.
Овој човек работеше 13 часа на ден на 32°C и влезе низ вратата и рече: „Дома сум. Што можам да направам за да ти помогнам?“. Ова се зборови кои ги слушам од него многу често.
Тој не е „еднорог“. Мажи како него постојат.
Мажи кои ги мијат чиниите откако ти ќе зготвиш. Кои го средуваат дворот, бидејќи знаат дека ти го мразиш тоа. Кои работат 60+ часа неделно и кога доаѓаат дома, си играат со децата, ѝ подаруваат бакнеж на сопругата и прашуваат „Како можам да помогнам?“.
Кои стануваат некои ноќи за да му ја променат пелената на бебето додека ти се подготвуваш за ноќното хранење. Кои ги бањаат децата и ги стават во кревет. Кои минуваат викенди со семејството. Кои си отвараат ладно пиво откако ќе заспијат децата и кои играат карти со сопругата.
Лидер на домот, еднаков партнер на сопругата, снабдувач, заштитник и способен татко. Многу ми е драго што се омажив за овој човек, кој исто така ја признава мојата напорна работа дома со двете деца - нега, готвење и чистење. Ние се грижиме еден за друг. Обврските ги делиме 50/50 и ги воспитуваме нашите синови да бидат мажи, исто како нивниот татко.
Гледам толку многу жени кои плачат и се жалат дека нивните партнери не им помагаат со децата, со сметките, домашните обврски, не им посветуваат внимание итн. Ми се крши срцето кога слушам: „Ох, такви се мажите“ или „Го трпам тоа и страдам“.
Дами, тоа не е маж. Натерајте го да се поправи или најдете си подобар! Ако имате добар маж кој ве третира како кралица, тогаш и вие третирајте го како кралот што е.
Бракот е партнерство, а не диктаторство. Јас и мојот сопруг и двајцата се грижиме еден за друг и многу сме среќни.
Многу благослови и среќа за сите вас кралеви и кралици.