Позитивна порака на маж посветена на облините на неговата сакана сопруга како вирус се шири на интернет.
Роби Трип сподели фотографија на која позира со саканата Сара на плажа и во описот напиша дека за него не постои поубава жена во светот и дека вистинската жена не изгледа како совршена порцеланска кукла.
Прочитајте ја неговата порака:
Ја обожавам оваа жена и нејзиното заоблено тело. Како тинејџер, често ме задеваа пријателите заради тоа што ме привлекуваа ниски девојки со облини, девојки кои просечно момче би ги нарекло „полнички“ или дури и „дебели“.
Потоа, кога станав маж, започнав да се едуцирам за прашања како феминизам и како медиумите ги маргинализираат жените, портретирајќи многу тесен, многу специфичен стандард за убавина (слаба, висока, без масти). Сфатив како многу мажи поверувале во таа лага. За мене, нема ништо посекси од оваа жена овде: дебели бедра, голем задник, слатки мали „гумички“ околу стомакот итн.
Нејзиниот облик и големина нема да бидат претставени на насловната страница на Cosmopolitan, но тие се присутни во мојот живот и во моето срце. Нема ништо посекси за мене отколку жена која истовремено има облини и е самоуверена. Оваа прекрасна девојка со која се оженив го исполнува секој милиметар во своите фармерки и сè уште е најубавата во собата. Момци, помислете одново што општеството ви кажува дека треба да го посакувате. Вистинската жена не е порно ѕвезда или бикини кукла или филмски лик. Таа е реална. Таа има убави стрии на нејзините колкови и слатки мали дупчиња на нејзиниот задник. Девојки, немојте никогаш да се залажувате мислејќи дека мора да се вклопите во одредена рамка за да бидете сакани и почитувани. Некаде постои маж кој ќе ве слави толку какви што сте, некој кој ќе ве сака како што јас ја сакам мојата Сара.
Сара изјавила дека ѝ се допаднала пораката. „Секогаш прави да се чувствувам сакана и ценета. Како блогерка која се бори да ја истакне убавината на заобленото женско тело, мојата цел е да им помогнам на други жени со облини да научат да го сакаат своето тело. Се чувствувам среќна што имам сопруг кој го сака секој сантиметар од мене од првиот ден кога се запознавме“ – вели таа.