Почетна » Новости » Занимливости » Топката е фрлена – започна Светското првенство

Топката е фрлена – започна Светското првенство

Вчерашниот спектакуларен концерт во предградието Совето во Јоханесбург на симболичен начин го означи започнувањето на Светското првенство во фудбал.

Над 30 000 луѓе го проследија концертот во живо и дури ни ниските температури не ги спречија да се радуваат и да уживаат во феноменалниот концерт.

Познати фудбалери, локални музичари и интернационално признати ѕвезди беа дел од тричасовниот концерт на големата сцена на стадионот „Орландо“.

Black Eyed Peas успеаја да ја загреат публиката со нивните познати хитови меѓу кои и „I Gotta Feeling“, „Pump It“ и „Boom Boom Pow“.

Освен многуте африкански изведувачи, на сцената се појави и Алиша Кис, на којашто бременоста не ѝ попречи да биде дел од свечената манифестација.

Енергичната латино ѕвезда Шакира покажа дека динамичното танцување не влијае на нејзиниот специфичен глас и ја покачи еуфоријата на разиграната публика со „Hips Don't Lie“ и официјалната песна на Светското првенство „Waka Waka“.

Забавата започнува!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.