Запознајте ја Ада Хегерберг, првата жена добитник на престижната „Златна топка“. Годинава, за првпат во историјата на фудбалот, оваа награда беше доделена како во машка, така и во женска конкуренција.
23-годишната Норвежанка од мали нозе напорно тренирала за да стане врвна фудбалерка и не дозволувала предрасудите да влијаат на неа и покрај тоа што понекогаш ја фрустрирал фактот дека живееме во „машки свет“.
И покрај тоа што на фудбалот се гледа како на машки спорт, Ада не се откажала од него и успеала да си обезбеди место меѓу најдобрите. Во 2016 година, таа беше погласена за Најдобар женски играч од страна на УЕФА, лани ја доби наградата Фудбалерка на годината од BBC, а оваа година испиша историја понесувајќи ја „Златната топка“.
Но, наместо на сцената да добие честитки од водителот Мартин Солвеиг, таа доби непријатно прашање дали знае да „тверка“. Од реакцијата на Ада се гледа дека нејзе не ѝ беше пријатно што слуша такво прашање.
Видео
Претходно, во интервју за „The Guardian“, Ада зборуваше за сексизмот во фудбалот.
„Јас никогаш не се гледав себеси како поразлична од мажите во фудбалот. Секогаш се чувствував иста како нив. Работев напорно за да се обидам да ги постигнам моите соништа, како и секоја друга девојка“ – вели таа.
Видео
Интернет корисниците веднаш бурно реагираа на ваквиот испад на 42-годишниот француски диџеј. По лавината негативни коментари, Мартин ѝ се извини на Ада и на сите кои ги навредил, со објаснување дека тоа било лоша шега и дека погрешно се изразил.
Еве го видеото и постот со кои тој им се извини на сите кои ги навредил:
„Ѝ објаснив сè на Ада и таа ми рече дека сфаќа дека тоа било само шега. Без разлика на тоа, јас сакам да им се извинам на сите кои можеби сум ги навредил. Што е најважно, ѝ честитам на Ада“ – напиша тој на Twitter.
Видео
Sincere apologies to the one I may have offended. My point was : I don’t invite women to twerk but dance on a Sinatra song. Watch the full sequence People who have followed me for 20 years know how respectful I am especially with women pic.twitter.com/pnZX8qvl4R
— Martin Solveig (@martinsolveig) December 3, 2018