Денес на многу телевизии низ Европа во живо беше пренесувано предвидувањето на октоподот Пол за тоа кој ќе ја освои титулата на Светското првенство во фудбал, а кој ќе остане на трето место.
Пол предвиде дека третото место ќе го освои Германија, а дека апсолутен шампион ќе биде Шпанија. Тој ги прави своите предвидувања со тоа што јаде школка од аквариумот врз кој има знаме на победникот во натпреварот.
Досега сите 6 предвидувања на Пол се покажале како точни. Неговото последно предвидување се оствари во средата кога Шпанија ја порази Германија.