Шеговити вљубеници во фудбалот го отпечатиле својот пријател на картон за да го земат со себе на Светското првенство во Русија откако сопругата не му дозволила да оди со нив.
Уште кога се одржувало СП во фудбал во Бразил во 2014 година, пет пријатели од Мексико си ветиле дека ќе присуствуваат заедно на следното светско првенство. Тие започнале да штедат пари, си купиле заеднички минибус и го прилагодиле на сопствените потреби за да престојуваат во него додека трае првенството.
Но, кога Хавиер, едниот од пријателите, ѝ кажал на сопругата за својот план, таа не му дала зелено светло да оди. Иако ја откажал авантурата со пријателите, тие одлучиле да го „поведат“ со себе – отпечатен на картон. На маицата на Хавиер, тие натпишале „Жена ми не ме пушти да одам“.
Фотографиите направени со „Хавиер“ во Русија несомнено ќе ве насмеат.