Арат Хосеини уште пред 4 години го освои светот и стана интернет сензација со својата флексибилност и дарбата за гимнастика. Феноменалното дете-чудо од Иран тренира со својот татко Мохамед од бебе, а денес може да се пофали со импресивни спортски вештини и мускулесто тело.
На 6-годишна возраст, Арат успеа да го импресионира Лионел Меси, а Новак Ѓоковиќ му призна дека тој му е идол на неговиот син Стефан.
„Арат, ги гледав твоите видеа со син ми Стефан, кој е една година помал од тебе. Ти си инспирација за син ми. Неверојатен си. Ти си навистина феноменален спортист за 6-годишник. Ти веројатно си најсилното 6-годишно момче кое некогаш сум го видел во животот. Им честитам на твоите родители за добрата работа со тебе“ – вели Ноле во видео споделено на Instagram.
Упорното момче во моментов тренира фудбал и вели дека кога ќе порасне, ќе биде како Меси. Откако го покажа својот дрес од Барселона, Меси лично му се заблагодари на Instagram.
„Ти благодарам Арат! Тука гледам многу класа, импресивно! Те гушкам“ – напиша Лионел.
Арат во моментов живее во Англија, а на социјалните мрежи го следат повеќе од 4 милиони лица.