Почетна » Новости » Занимливости » 43-годишна мајка на СЕДУМ деца инспирира со својот фит изглед на Instagram

43-годишна мајка на СЕДУМ деца инспирира со својот фит изглед на Instagram

Разгледувајќи ги фотографиите на Џесика Енслоу, може да си помислите дека станува збор за девојка во 20-тите години. Многумина никогаш не би погодиле дека таа има 43 години и е мајка на седум деца.

Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца

Џесика е доказ дека и по седум бремености телото може да се врати во форма со труд и посветеност. Таа стана фитнес зависничка и сега изгледа подобро отколку по првата или втората бременост.

43-годишната Американка го документира својот напредок со фотографии кои секојдневно ги споделува со своите следбеници на Instagram.

Неодамна, Џесика сподели фотографии од себе по раѓањето на првото дете и по раѓањето на седмото и во описот напиша:

Оној кој вели дека „трансформацијата по бременоста“ не е „вистинска“ трансформација, најверојатно никогаш нема родено. Не само што матката на жената се зголемува до 500 пати во споредба со пред бременоста, а потоа треба да се стесни (што често боли), тука е и зголемувањето на тежината во различни степени. Не се ограничував со јадењето во првата бременост, бидејќи не знаев дека ќе ставам толку многу масти. Кога се вратив од болница, веднаш ги пробав фармерките кои ги носев пред бременоста и увидов дека не можам да ги кренам погоре од средината на бутовите. Тогаш се појави екстремен страв и малку депресија во мене. Никогаш не ни помислував дека моето тело нема веднаш да се врати како порано.

Што научив за себе по раѓањето седум пати?

  1. Нормално е вашиот стомак да биде како желе одреден период по породувањето.
  2. Обично не се чувствувам како себеси, околу една година по раѓањето.
  3. Секогаш ми беше приоритет да ја изгубам тежината од претходната бременост, пред да забременам повторно.
  4. Секоја бременост е различна за секого. Имав утрински мачнини во првите три месеци од секоја бременост и тоа придонесе да ми биде тешко да вежбам регуларно и јадев цело време. Јадењето беше единственото нешто кое всушност ми помагаше околу гадењето.
  5. Доењето не ми помогна во слабеењето. Јас лично побрзо ослабев откако прекинав со доење. Тоа можеби е различно за секого.
  6. ДА! Вие! Сите вие кои имате родено можете да бидете силни или уште посилни отколку пред да се породите. Само бидете упорни.
Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца

На фотографиите на кои позира со 23-годишна ќерка Алиса, Џесика изгледа како да е нејзина сестра, а не нејзина мајка.

Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца
Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца
Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца Фит мајка на 7 деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.