„Сакам да имам супермоќ да живеам без спиење“: Илустрации за животот на мајките
• Вторник, 28 Јули 2020 11:35
Артистка од Русија создава илустрации кои несомнено ќе се вгнездат во срцето на секоја мајка.
Креативната илустраторка Катја се инспирира од секојдневните моменти со ќеркичката и нè потсетува дека мајката, колку и да е посветена на семејството, секогаш има потреба од неколку минутки само за себе.
Во продолжение погледнете ги цртежите кои ја прикажуваат убавината и предизвиците на животот со мало дете:
Сакам да имам супермоќ која ќе ми овозможи да живеам без спиење.
Додека ќерка ми збеснува низ станот, понекогаш си дозволувам да легнам и да не се чувствувам лошо поради тоа.
Циклусот на предметите во станот. Јас собирам, таа растура.
Нашите појадоци...
Додека беше помала, ќерка ми сакаше да седи високо, а нозете да ѝ висат. Откако порасна, сака да седи само во мојот скут, сè додека не престанам да ги чувствувам екстремитетите.
Меурчињата во бањата секогаш ја одушевуваат.
За да ја смирам, понекогаш доволно е само огледало. Таа дури и флертува со сопствената рефлексија.
Ања на прв поглед е многу слатко детенце. Сепак, дуксерот совршено го отсликува нејзиниот карактер.
Јас се обидувам да си го вратам стилот на живот како пред бременоста. Но, таа поставува свои правила. Јогата е надополнета со прегратки.
Обожавам кога појадуваме заедно. Особено кога е сончево. Не ми смета што потоа морам да ја чистам целата кујна.
Светот низ очите на бубачките и предметите кои ги зема од земјата.
Што знаете за дете со рацете во песок?
Кога конечно ќе најдеш топла вода во бањата.
По една година, најслатки се прегратките кои неочекувано ти ги подарува.
Нашите прегратки се секогаш најдобриот дел од денот.