Малите моменти се клучни за блискоста и поврзаноста помеѓу љубовните партнери. Токму тоа го претставува артистката Puuung низ своите илустрации.
Неочекуваните прегратки, нежните допири, романтичните погледи, бакнежите во чело, тивките вечери под топло ќебе, грижливите гестови... не постои ништо што може да ја замени моќта на овие мали, но значајни нешта.
„Љубовта зрачи од малите нешта и доаѓа на начини кои лесно можеме да ги занемариме во секојдневниот живот“– пишува артистката од Кореја во описот на илустрациите.
Погледнете ги цртежите кои ќе ве потсетат дека љубовта е прекрасна: