Прекрасно коњче било спасено од сигурна смрт од волонтери, а неговата трансформација зачудува и изнудува само комплименти.
Коњчето, кое го доби името Хајди, било запоставено и оставено да умре во нечистотијата. Волонтерите биле запрепастени од глетката и прво мислеле дека тоа е мртво. Моменти подоцна, забележале дека коњот дише и тие одлучиле да му дадат уште една шанса за живот.
„Беше донесена одлука да ѝ дадеме шанса и беа потребни пет лица за да ја исправат на нозе. Ретко гледаме толку сериозен случај на запоставување и покрај многуте пречки за време на процесот на опоравување, Хајди секогаш покажуваше смел и борбен дух“ – пишуваат од „Here4Horses“, организација посветена на обезбедување подобар живот за коњите и пони коњите.
На Хајди прво ѝ била направена трансфузија на крвна плазма од здрави коњи, бидејќи била слабокрвна. Трансформацијата на Хајди била документирана со фотографии и видео кои се раширија на социјалните мрежи.