Фотографии од војник кој се обединува со семејството на Денот на таткото ќе ви покажат како изгледа љубовта.
Додека фотографката Хана Санчез им правела фотосесија на Кристин Мекензи и нејзините три деца, зад нив застанал автомобил во кој се криело слатко изненадување. Сопругот на Мекензи кој долги месеци бил на воена служба надвор од САД се вратил дома и бил „натрапник“ на нивните фотографии.
„Можете ли да поверувате дека автомобил застана точно зад ова неодоливо семејство токму кога започнав да го фотографирам? Потоа некој скокна од автомобилот и стана натрапник во целата фотосесија!? КАКВА ДРСКОСТ. Но, вистината е дека не постои подобар Ден на таткото за овој татко кој конечно се обедини со своето семејство! Толку многу долги месеци, но откако се врати во САД и помина карантин, полковникот Мекензи имаше можност повторно да го гушне и бакне неговото семејство. Честитки, се радувам за вас. Среќен Ден на таткото“ – напиша фотографката.
Според Санчез, Кристин знаела за изненадувањето, но не и нивните деца.
„Сајмон требаше да биде отсутен шест месеци, но се врати дома два месеци порано. Не можеше да се движи од едно место на друго, па тоа беше среќна околност за нас“ – рекла таа.
„Знаев дека ќе дојде од зад нас за време на фотосесијата, па морав да ги терам децата да гледаат во фотографката додека да дојде. Започнав да липам кога ги слушнав неговите чекори. Децата не реагираа веднаш. Малку подоцна дојдоа солзите и врескањата“ – рекла таа.
Пандемијата значително ѝ го отежни животот на Кристин, која пред две години се борела со рак и има ослабнат имунитет. Но, сега кога е заедно со својот сакан, таа е пресреќна.