Пријатното изненадување кое војникот Џон Гритен им го приреди на своите деца ќе ве разнежни. Тие се немале видено 6 месеци поради службата на Џон во Азија.
Во видеото, Џон прво го изненадува 15-годишниот син Џошуа, кој има Даунов синдром, појавувајќи се ненадејно во неговото училиште. Кога ќе го види својот татко, Џошуа му се фрла во прегратка и започнува да вика од среќа.
Потоа, на ред е изненадувањето за 11-годишната ќерка Џесика, која исто така е пресреќна кога ќе го види својот херој. Погледнете го видеото: