Трансформација со шминка на 80-годишна жена одушевува на интернет.
Имено, мејкап артистката Џулија Стронач објави фотографии од тетка си Сандра, пред и откако ја нашминка за нејзиниот јубилеен роденден.
Многумина се едногласни дека Џулија со помош на шминката направи тетка ѝ да изгледа децении помлада.
„Пред и потоа, денес за мојата тетка Сандра која ја немав видено 15 години. Таа ме посети од Лондон (на нејзиниот 80-ти роденден). Во изминатиот период таа не се чувствуваше добро, па беше одлично што ја видов да се насмее и да биде среќна со конечниот резултат“ – пишува Џулија во описот и додава дека на фотографиите не е искористен никаков филтер.
Џулија живее и работи во Абердин, Шкотска.