Талентиран стилист од Србија ѝ подари на баба си трансформација која направи за момент да се почувствува како холивудска ѕвезда.
Александар Драмиќанин ја дотера 86-годишната Милоратка со помош на шминка и фризура, а фотографиите од преобразбата станаа хит на интернет.
„Мојата баба. Ја сакам најмногу на светот! Покрај сите преубави жени кои сум ги средувал, ти сè уште си личност која најмногу ме инспирира“ – пишува Александар во описот.
„Таа е обична баба од своето село, не се средува и е скромна жена, ама е преубава и отсекогаш ми била инспирација. Косата секогаш ја носи во марама, па дојдов до идеја да ѝ ја средам“ – изјавил Александар за Noizz.